Царовска: Го решаваме проблемот на лицата без документи, ќе може да ги остваруваат основните права

Фото: Мила Царовска/Д.Митрески

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска имаше воведно обраќање на Националната конференција „Проценка на напредокот на Македонија во спроведувањето на јавните политики кон ромската заедница“ организирана од Ромалитико.

Министерката Царовска истакна дека Владата усвои Закон за лицата нерегистрирани во матичната книга на родени и истиот се очекува наскоро да го изгласа и Собранието.

– Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во матичната книга на родените, познати како фантоми. Овие луѓе премногу долго живееја на маргините на нашето општество. Со новиот Предлог закон кој го утврдивме на седница на Влада им овозможуваме да ги остварат своите основни права. Право на здравствена и социјална заштита и редовен работен однос, а децата ќе можат да се вклучат во образованиот процес – истакна Царовска.

Управата за водење на матични книги во соработка со МТСП  на 1-ви Април 2018 година објавија Јавен повик до сите лица кои живеат на територија на Република Македонија, а не се евидентирани во Матичната книга на родени. Тие беа повикани да дојдат во канцелариите на матичните служби за да пополнат Прашалник во кој ќе ги наведат своите податоци. Јавниот повик траеше до 1-ви ноември 2018 година и беа пријавени 700 лица.

Царовска рече дека од 2006 година се работи на вклучувањето на децата Роми во предучилишно образование.

– Секоја година 400-450 деца без паричен надоместок се вклучуваат во детските установи. Во јануари 2019 година им се препорача на градоначалниците во 18 општини да ги свикаат Советите на општините за да донесат одлука за ослободување на родителите на ромските деца со ниски примања или без примања од плаќање на партиципацијата за престојот на нивните деца. Градоначалниците одговорија позитивно на оваа препорака – рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот