Царовска: Го подобруваме пристапот до правни услуги за ранливите групи граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, истакна дека со усвојувањето на законот за бесплатна правна помош од страна на Владата, како и со развој на правните услуги на локално ниво,  значително е подобрен пристапот до правдата за најранливите граѓани.

Таа ова го истакна за време на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада, каде присуствува со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Како Влада којашто се грижи за сите граѓани продолжуваме посветено да работиме на зголемување на пристапот до квалитетни правни услуги за сиромашните. Веќе отворивме центар за правни услуги во Шуто Оризари, а во тек е отворање на вакви центри и во Тетово, Делчево и Прилеп. Ромските информативни центри веќе функционираат во 14 општини, а вработените ќе поминат обуки за правно зајакнување. Сето ова се прави со поддршка од Фондацијата Отворено општество и во соработка со граѓанските организации и општините. Со новото законско решение коешто е веќе на сила овие лица добиваат правна помош, а трошоците за судски и административни такси, стручната награда, повеќе нема да се на товар на граѓаните, туку ќе се плаќаат од државниот буџет – рече министерката Царовска.

Министерката Царовска истакна дека значителен придонес во спроведувањето на отвореното владино партнерство ќе имаат и веќе донесените закони за спречување и заштита од диксриминација и социјалната реформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот