Царовска: Добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите

Носителката на листа на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите од Аеродром и Центар. На двете посебни средбата Царовска најави зголемување на минималната пензија на 10.700 денари во следниот мандат на СДСМ, но и потсети што се Владата предводена од СДСМ направи изминатиот период да го реформира пензискиот систем.

-Како министерка за труд и социјална политика наследив целосно срушен пензиски систем којшто ако не го реформиравме ќе беше доведена во прашање не само исплатата на пензиите на сегашните пензионери, туку и на идните прнзионери. Вие како пензионери добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително ги зголемуваше пензиите. Како одговорна партија којашто се грижи за сите граѓани, СДСМ покажа дека се грижи и за повозрасните. Во јануари годинава ги зголемивме пензиите на 324 илјади пензионери за 722 денари. Ова зголемување влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки, коишто влегуваат во основицата на пензиите и дополнително законски ги усогласуваме- рече Царовска.

Царовска потсети дека последнита пензиската реформа ја исправи неправдата којашто претходната власт им ја нанесе на 12.000 лица.

-На овие осигуреници им беше скратено правото на повисока пензија, бидејќи нивните придонеси се уплаќале само во првиот столб во периодот од 2006 до 2018 година. Со 19 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија, ги обесштетивме овие граѓани на кои поради негрижата на ВМРО ДПМНЕ, директно им се скратува ше правото да остварат повисока пензија- рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот