Царовска децидна: Нов концепт за матура од следната година

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска повтори дека годинава останува постоечката концепција за државна матура и оти нема да има намалување на предметите за полагање како што бараат дел од средношколците.

Во изјава за медиумите дадена по настан во Гостивар, министерката Царовска нагласи дека концепцијата за матура е донесена на почетокот на годината и оти исклучувањето на одредени предмети би ја нарушила целата концепција.

Досега, 15.000 ученици се пријавиле за полагање матура што, според Царовска, укажува дека најголем дел се подготвуваат за матура. Матурата, како што посочи таа, е законска обврска и важна е за запишување на средношколците не само на домашните факултети, туку и на европските и светските високообразовни институции.

– Минатата година бевме негативен пример и нашата земја остана како изолирана затоа што не овозможи полагање на матура. Многу наши ученици извисија од можноста да се запишат на одредени светски и европски универзитети. Токму затоа сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели, рече Царовска.

Од следната година се планира да стартува нов, современ модел на државна матура за што е договорено да се формира работна група во која ќе учествуваат и претставници на средношколците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот