16 C
Скопје

Царот пресуди да се потопат во Дунав, денес е споменот на Светите маченици Ермил и Стратоник

Денеска православните верници го празнуваат споменот на Светите маченици Ермил и Стратоник.

Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Светиот Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповедаше својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења, Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник го издадоа пред царот дека е христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадии далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.

Прочитајте и...  ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во Северна Македонија

Поврзани вести

Лажен агент за недвижности 6 пати продал ист стан, агенциите загрижени за својот углед

Слободен печат

Богдановиќ: Новиот закон придонесе да падне мораториумот

Слободен печат

ФОТО | Музеј на „воени трофеи“: Алиев се сликаше покрај шлемовите на убиените ерменски војници

Слободен печат

Повторно рестрикции во водоснабдувањето за сите потрошувачи во Тетово

Слободен печат

Се ограничуваат трошоците на државните функционери за угостителски услуги

Слободен печат

Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

Слободен печат

Остави Коментар