Царинската управа го отпушти посетителот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа денеска го отпушти Александар Трајковски, советникот од ВМРО-ДПМНЕ  во Советот на Општина Гази Баба, поради тоа што било заклучено дека тој самоиницијативно патувал во странство за да добие второ лекарско мислење.

Царинската управа уште од порано отвори истрага за тоа  дали Александар Трајковски е болен или го злоупотребил здравствениот систем за да замине во Будимпешта. Матичниот лекар му отворил боледување на 5- ти декември 2018 година, а тој по нецела недела излегол од државата.

Како што сега стои во решението на царинската управа, Трајковски кога користел боледување отворено од матичен лекар на товар на работодавецот издадено со соодветна дијагноза и препорачано лекување со дадената терапија, самоиницијативно патувал во странство за обезбедување второ мислење. Со овие дејствија тој сторил кршење на работниот ред и дисциплина, пишува во решението.

Трајковски, кој беше и фотографиран во Будимпешта во посета на Груевски, а е еден од обвинетите во предметот на СЈО „Шамарите во Центар“, на својот Фејсбук профил се пожали за врачената оставка.

„Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.

Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.

Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.
На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!

Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат!“, пишува Трајковски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот