Царината го заокружува проектот за јакнење на капацитетите и најавува друг – за компјутерски податочен центар

фото: МИА

Зголемени приходи, откривање и спречување измами преку таргетирани контроли, поедноставени и поефикасни процедури, зајакнат административен капацитет, поголема операбилност, натамошно усогласување на домашното со европското законодавство и доближување на земјава до пазарот на ЕУ и Царинската унија, се резултатите што ги постигна Царинската управа во соработка со австриските и литванските институции, преку проектот поддржан од Европската унија кој се спроведуваше изминатите 27 месеци.

Проектот почна во 2017 година, а ќе заврши овој месец. За него од ЕУ беа обезбедени 1,6 милиони евра.

– Целта беше спроведување реформи за спречување на незаконското тргување, олеснување на трговијата и поедноставување на процедурите. Главен акцент ставивме на подигнување на капацитетот на вработените, на унапредување на нивните вештини, но и на нивно поврзување со колегите од царините во земјите – членки на ЕУ, истакна директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на завршниот настан.

Со проектот, дополни директорот, се реализираа четири компоненти: контрола на царинењето и ревизија, управување со ризик, обезбедување опрема за царинска лабораторија и обуки.

Според австрискиот амбасадор, Георг Вуцас проектот уште еднаш ја покажа заложбата на Австрија за Северна Македонија. Тој и во оваа прилика изрази жалење што Европскиот совет не донесе одлука за почетокот на преговорите за членство на земјава во ЕУ.

– Се надеваме дека ќе има ваква одлука и дека преговорите ќе почнат во наредниот период. Секогаш можете да сметате на нас како партнер. Северна Македонија припаѓа на ЕУ. Унијата нема да е комплетна без овој регион, потенцира Вуцас.

Амбасадорот и директорот Танасоски најавија нов проект за 2020 година со кој земјава, како што рекоа, уште повеќе ќе се доближи до барањата и стандардите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот