Цапак: Ситуацијата во Задар ќе се искомплицира доколку Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус

фото: твитер

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, епидемиологот Крунослав Цапак денеска изјави дека епидемиолошката ситуација во Задар дополнително ќе се закомплицира доколку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19.

Тој истакна дека Ѓоковиќ за време на тенискиот турнир Адриа во Задар бил во контакт со многу луѓе, а доколку тој е позитивен, другите ќе мора да бидат во самоизолација.

Цапак наведе и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема потреба да биде во самоизолација, бидејќи тој немал физички контакт со Ѓоковиќ, туку само се поздравиле, а средбата иако била во затворен простор траеле помалку од три минути.

– Премиерот превентивно се тестира и тој е негативен, посочи Цапак.

Задар стана жариште на новиот коронавирус откако беше објавено дека учесникот на Адриа тур, бугарскиот тенсер Григор Димитров е позитивен на Ковид-19.

Во неделата 22 лица се тестираа, од кои тројца се позитивни. Покрај хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, позитивни се и кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники и тренерот на Димитров, Кристија Гро.

За сега над 80 луѓе се во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот