Цапак: Постои можност за враќање на самоизолацијата за државјаните на БиХ

Хрватска нема повторно да ги затвори своите граници и покрај зголемениот број заразени со коронавирусот, но во моментов ја преиспитува можноста за воведување мерка за самоизолација за граѓаните на Босна и Херцеговина, изјави директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

-Одлуката се уште не е донесена, но таа е на маса. Ние ги предупредуваме граѓаните да не одат таму на шопинг  затоа што е поевтино, рече Цапак, додавајќи дека повеќе од 50 проценти од луѓето што доаѓаат ќе бидат вратени од границата.

Тој најави дека во следниот период ќе има средба со колегите од Словенија со цел да се договорат за преминување на границата, со оглед на фактот дека голем број туристи доаѓаат во Хрватска токму преку Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот