Цапак: Хрватска на почетокот на јуни ќе почне да се враќа во нормала

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје уште кажа дека сонцето позитивно делува на вирусот.

Хрватска нема проекција до кога може да трае епидемијата на коронавирусот, а членот на Националниот штаб за цивилна заштита Крунослав Цапак вели дека лично смета дека во најлош случај животот во оваа земја може да се нормализира на почетокот на јуни.

-Нема никакви проекции. Работевме само проценка според италијанските модели, како најцрно сценарио, за да видиме дали имаме доволно респиратори и кревети и можеме да кажеме дека има доволно. Лично сметам дека дури на почетокот на јуни ситуацијата ќе се подобри и дека животот полека ќе почне да се нормализира, рече Цапак за загрепски „Јутарњи лист”.

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје уште кажа дека сонцето позитивно делува на вирусот.

-Вирусот го убиваат УВ зраците, а што се однесува до издржливоста, тој умира на 70 степени, и тоа за само неколку секунди, рече тој.

Според него, ова е криза која ќе потрае.

-Мојата проценка е дека ќе имаме неколку илјади заболени, смртност во согласност со земјите кои немаат црни сценарија и дека летото навистина ќе донесе подобро време, рече Цапак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот