Цаноски: Јанкуловска нека ја праша Емел како се издржуваат 6 години затвор со три деца без да ги види со години

Бизнисменот и сопственик на АУЕ-ФОН, Сефер Цаноски на Фејсбук ја коментираше изјавата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на која Врховниот суд ѝ ја потврди казната од четири години.

-Гордана Јанкулоска: „Дома сум, кој сака нека повели на кафе”. Препорачувам да ја покани Емел Рамковска пред да влезе. Таа најдобро ќе и објасни како се издржуваат цели 6 години затвор и тортура. Емел беше не со едно туку со три малолетни деца во моментот кога ги затворија како глувци без да има можност да си ги види децата со години. Правдата може да задоцни, но секого ќе го стигне, напиша Цаноски.

Емел Рамковска е ќерка на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која во судскиот процес „Пајажина“ беше осудена и одлежа шест години во затвор. Пресудата беше донесена и обвинетите беа уапсени додека на чело на МВР беше токму Јанкулоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот