Цакај: Предвремени избори во Северна Македонија не се заради неуспехот со преговорите

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај оцени дека „предвремените избори во Македонија не се поради неуспехот да се отворат преговори со ЕУ”.

Тој нагласи дека „во соседната земја” од поодамна се дискутирало за предвремени парламентарни избори, додавајќи дека предлогот на премиерот Зоран Заев „не е поврзано со одлуката на Советот на Европа”.

– Дискусијата за предвремени избори во Северна Македонија е од многу порано. Вие не можете да ги поврзете процесите. Предлогот за предвремени избори не е последица на одлуката на Советот, изјави Цакај на прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи, одговарајќи на новинарско прашање околу можноста за предвремени избори и во Албанија.

Цакај, исто така, изјави дека „во Северна Македонија имало ветувања дека овој процес (отворање на преговори) неизбежно ќе се случи”, додека албанската Влада „не го гарантирала тоа”.

Инаку, обраќањето на премиерот Заев се најде во ударните термини на сите албански медиуми, со посебен акцент на предлогот за предвремени избори и решителноста да се продолжи со реформите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот