Цацановски: Социјалниот центар „Дуња“ промовира солидарност и вредности што се потиснати во општеството

Васко Цацановски од социјалниот центар „Дуња“ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за активностите на центарот и вредностите кои ги промовираат.

-Социјалниот центар „Дуња“ работи според вредностите што ги промовира: солидарност, почитување на животната средина, меѓусебно разбирање – вредности што се потиснати во нашето општество, но и пошироко во светот – вели Цацановски.

За околу три години во „Дуња“ биле организирани над 300 активности и програми, а при тоа центарот функционира без да бара средства од институциите, туку врз база на донации и волонтерство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот