Цаца Николовска: Потребен е мониторниг за прочистување на судиите и обвинителите 

Прочистувањето на судиите, обвинителите, адвокатите требаше да се изврши многу одамана, за да не преовлада мислењето дека сите судии не се добри, рече Маргарита Цаца Николовска, уставен судија на трибината на тема „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ.

-Прочистувањето однатре не врдои со плод, но тоа може да се изврши од страна на Судскиот совет, Комисијата за спречување на корупцијата, рече Николовска.

Таа посочи дека оценување на судии треба да се врши во секое време, особено во земји каде има проблем со независност и пристрасност.

Потребен е мониторниг кој може да се изведе и без законски решенија, каде ќе се мониторира работењето на судиите и обвинителите, а тоа може да се врши од страна на многу институции, истакна Николовска, додавајќи дека и Судот за човекови права ги мониторира судовите.

-Мониторингот може да овозможи одредено прочистување кај судиите обвинителите, адвокатите и правобранителите, но секој мора да одговара за незаконско работење- заклучи Николовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот