Cupra Formentor следната година пристигнува на пазарот – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Cupra Formentor следната година пристигнува на пазарот

Сериската верзија нема многу да се разликува од концептниот модел.

На крајот од минатата година компанијата Cupra, која се одвои од SEAT во сопствен под-бренд, го покажа моделот Cupra Formentor.

Спортскиот кросовер на пазарот ќе биде достапен следната година и нема да се разликува значително од веќе покажаниот прототип.

Серискиот Formentor ќе ја добие спортската силуета на концептниот модел. Наклонета линија на покривот и задни светла што минуваат низ целата ширина на автомобилот треба да ја нагласат агресивната природа на кросоверот.

Архитектурата на кабината е дизајнирана да ги задоволи потребите и барањата на современиот возач. Производителот се потпира на спортски седишта од јаглеродни влакна, како и мултимедијален систем со голем екран на допир, кој ќе биде поставен на предниот панел.

Агрегатот на Cupra Formentor е доверен на хибриден мотор со приклучок за напојување (plug-in), кој се состои од 1.5-литарски турбо-полнач TSI и електричен мотор. Вкупната моќност достигнува 245 КС, што значи дека кросоверот ќе биде „послаб“ од Cupra Ateca со својот 2.0-литарски со турбо-полнач и моќност од 300 КС.

Цената на новиот шпански кросовер за некои пазари е веќе позната. Во Велика Британија, на пример, таа ќе биде околу 41.190 фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close