Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови

Фото: МИА

Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулканот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK.

Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите.

Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови.

Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на Тихиот Океан, синоќа од локалните власти добија наредба за евакуација поради заканата од цунами.

Засега нема информации за жртви.

Дополнително, откажани се и 27 домашни летови со слетување или полетување во зоната на можно влијание на катастрофата.

Националната метеоролошка управа на Јапонија ноќеска соопшти за закана од цунами поради ерупцијата на подводниот вулкан Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи во Кралството Тонга. Според Управата, ризикот од брза промена на ситуацијата може да остане и денеска. Бранови високи до 1,2 метри беа регистрирани долж брегот во различни делови на Јапонија, а забележана е и можност за цунами високо до три метри.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот