ЦУК: Вкупно 23 пожари во текот на вчерашниот ден, три се сè уште активни

Фото:

Во текот на вчерашниот ден, како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 23 пожари на отворено, од кои три се активни, шест се под контрола и 14 се изгаснати.

Првиот од трите сѐ уште активни пожари, е во општина Македонски Брод – во пределот кај селата Тажево и Брезница – крак кон ЈП „Јасен“. Вториот активен пожар е на територија на две општини – Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.

Шесте пожари на отворен простор што се под контрола, се во општините Пробиштип – кај селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод – кај село Слатина, Охрид – едниот на територија на планината Галичица, а другиот кај Косел – Расино – Опеница – Вапила, Пласница – изгаснат кај селото со ова име, активен кај Латово и во Делчево – на депонија.

На единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, изминатите 24 часа имало вкупно 2.563 повици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот