ЦУК: Пожарот кај Раштански лозја е сѐ уште активен

Пожар во Македонија, хеликоптер
Фото: МИА

Сѐ уште е активен пожарот во месноста Раштански лозја, крај Скопје, а изгаснати се пет пожари на територија на цела држава, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во информацијата за состојба со пожарите до 19.00 часот, од ЦУК посочуваат дека од 18.05 часот е интервенирано на пожар на сува трева и лозје, во месноста Раштански лозја. Во гаснењето на пожарот интервенирано е со три противпожарни возила и со десет пожарникари.

Изгаснат е пожарот во атарот на селото Беловиште кон Куново, Тетовско, каде се гаснела запалена депонија. Се интервенирало со едно противпожарно возило и со двајца пожарникари и четворица вработени од Национални шуми.

Во периодот од 14.10 до 16.00 часот имало интервенција на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, каде било запалено стрниште. Пожарот го изгаснале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарникарите денеска од 9.41 до 11.25 часот го гаснеле пожарот на запалено стрниште кај стариот млин, на патот Битола- Прилеп.

Во периодот од 14.00 до 15.20 часот се гаснел пожарот на сува трева во село Горно Агларци, општина Новаци. Во гаснењето на пожарот интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. Притоа оштетена е една дрвена бандера, за што е информирана компанијата ЕВН.

Изгаснат е и пожарот на територија на општина Градско. Пожарникарите од 14.00 до 18.15 часот интервенирале на подрачјето на оваа општина, меѓу селото Ногаевци и патарината. Таму имало пожар на отворен простор на запалено трева, ниска вегетација, шавар, багрем и јасика. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ – Велес со пет пожарникари и едно противпожарно возило. Изгорена е повершина од два хектари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот