ЦСКА не се откажува од Евролигата, рускиот тим сака да игра во Белград или Истанбул

ЦСКА Москва не се откажува од Евролигата/Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Според кошаркарскиот портал „Еурохупс“, ЦСКА Москва ја истакнала својата намера следната сезона да игра во најелитното европско натпреварување.

Московјаните се подготвени да се прилагодат на новите околности, па ќе прифатат да играат домашни натпревари надвор од Русија, а како најверојатни дестинации се споменуваат Белград и Истанбул.

– Секако нашата голема желба е да играме во Евролигата и тоа само по себе не е доволно бидејќи многу фактори влијаат на оваа одлука, а особено политичките. Рускиот спорт е во тешка ситуација, сега тренд е да се исфрлат Русите од натпреварувањето. Нашите фудбалски клубови и репрезентациите се суспендирани од УЕФА, хокејот се игра без Русите, па дури и Евролигата сè исфрли. Русија нема ТВ права за Олимпијадата 2026 и 2028 година. Да бидам искрен, ќе го преживееме ова, но тешко се развиваме.

Поднесовме барање за настап во Евролигата во сезоната 2022/23, писмото го добија управата и акционерите и подготвени сме да разговараме за сè со колегите. Размислуваме домашните натпревари да ги играме во Белград или во Истанбул, бидејќи не го прекинавме контактот со Евролигата во текот на целата оваа ситуација – рече првиот човек на клубот Андреј Ватутин.

Оваа недела за време на фајналфорот на Евролигата ќе се одржи состанок во Белград на кој ќе се разговара на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот