Црвената расцветана убавина на жената со цветно име – Јасмина: Колку и да сум уморна од работа, никогаш не го оставам цвеќето!

Фото: Приватна Архива

Ова е цветна приказна за една жена со цветно име – Јасмина. Самото име зборува за каква личност се работи – носи име на цвеќе што има цветови што шират преубав мирис, мирис на парфем, мирис на љубов и позитивна енергија. 

фото приватна архива

Јасмина Ѓуровска живее во битолското село Црнобуки. За убавината да биде уште поголема, таа е жена земјоделка, се занимава со произвотсво на градинарски култури, пиперки и домати. И уште нешто – таа е и жена фармер!

-Имаме мала семејна фарма со крави, ни објаснува Јасмина.

Ама тоа не е сè. Оваа вредница е и фризерка. Вели, тоа ѝ е повеќе хоби, иако има диплома за занаетот. Очигледно сè што ќе фати со своите раце оваа дама, сè ѝ успева. Поточно, сè позлатува, па така и градината полна со неверојатни цвеќиња, изгледа како наросена со злато.

– Љубов кон цвеќето сум имала отсекогаш. Меѓутоа, цвеќина почнав да негувам од пред 10 години. Отпрвин почнав со собни цвеќина, глоксинии, бегонии. Потоа почнав да купувам надворешни цвеќиња, петунии. Од нив наесен си собирав семе, а пролетта си го сеев, па така, две-три години сама си произведував расад за петунии, ни ја раскажува својата цветна приказна жената со цветно име. 

Неколку години Јасмина имала само петунии, па почнала да купува и други видови цвеќе.

– Со повеќегодишно искуство се учи што и како му треба на цвеќето. Јас лично, по листот на цвеќето знам кога му треба прихрана, кога му треба заштита од болест и кога му треба вода. Секоја година учев кое цвеќе какви услови бара, објаснува таа.

Вели дека нејзината тераса наутро, од 13 часот е на сонце, а потоа фаќа сенка. Затоа, на неа може да успеат повеќе видови цвеќе, како сурфинии, петунии, сите видови на сардели и други цвеќиња.

– На мојата тараса од средината на април па сè додека да падне мраз има цвеќе. Значи, мора да биде расцветно! . Кога некое цвеќе ќе се расипе или исуши веднаш го заменувам со ново, додава Јасмина.

За да се одгледува и негува цвеќе мора да се има многу љубов. Цвеќето си сака и време, и внимание.

Има некои кои велат: на два три дена му ставам вода. Јас се чудам како може да очекуваат убавина кога не му посветуваат внимание. Секое слободно време му го споветувам на цвеќето. Секоја вечер, после 21 часот, ги наводнувам. Колку и да сум била уморна од секојдневната земјоделска работа, никогаш не сум го оставила цвеќето без вода. За цвеќето не се штедам, максимално му се посветувам. Со љубов го гледам, а тоа ми враќа со иста мера, раскажува нашата цветна соговорничка. 

Ја прашуваме, колку време му посветува?

– Сигурно еден до два часа во текот на денот, ни одговара таа и продолжува: Секој што ги видел моите цвеќиња ми го поставува истото прашање…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот