Црвена звезда го растури Каират и продолжува во квалификациите за ЛШ

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Екипата на Црвена звезда на убедлив начин со триумф со петарда во голот на Каират обезбеди пласман во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ вечерва во Белград славеа со 5.0 против Каират и покажаа дека поразот во првиот натпревар во Казахстан (1:2) беше само лоша претстава.

Српскиот шампион дилемите околу победникот и патникот во третото квалификациско коло ги реши уште во првото полувреме кога Александар Катаи постигна два гола во деветтата и 42 минута, а третиот гол беше дело на Диони. На стартот од второто полувреме, Иваниќ зголеми на 4.0, а конечниот резултат во 56 минута го постави Фалко.

Нареден противник на Црвена звезда во квалификациите ќе биде Шериф Тираспол кој со 3:1 го совлада Алашкерт во реваншот.
Највозбудливо беше на дуелот помеѓу Митјиланд и Селтик каде натпреварот заврши идентично како и на првата средба 1:1. Победничкиот гол во продолжението за Митјиланд го постигна Онједика во 94 минута.

Резултати:
Нефчи – Олимпијакос 0:1
Шериф – Алашкерт 3:1
Клуж – Линколн 2:0
Митјиланд – Селтик 2:1
Галатасајар – ПСВ 1:2
Лудогорец – Мура 3:1
Јанг Бојс – Слован 3:2
Црвена звезда – Каират 5:0
Спарта Прага – Рапид Виена 2:0

Двојки за трето коло:
Динамо Загреб – Легија
Клуж – Јанг Бојс
Олимпијакос – Лудогорец
Црвена звезда – Шериф
Малме – Ренџерс
Ференцварош – Славија Прага
ПСВ – Митјиланд
Спартак Москва – Бенфика
Генк – Шахтјор
Монако – Спарта Прага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот