Црвен крст Крива Паланка со едукативни активности за младите

Тимот на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка во декември реализира серија едукативни активности, работилници за младите од градот од предучилишно и училишно образование.

Нашите волонтери кои се обучени и искусни професионалци исполнуваат едни од најголемите активности според нас, кои имаат директен импакт на младата популација, за да влијаеме на нивната свест, да ги едуцираме и да ги подготвивме за одредени ситуации, информирајќи ги соодветно, со практични примери, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинскиот Црвен крст.

Одржана е работилница за прва помош со најмалите во детската градинка “Детелинка”, а работилницата беше одлична можност, вели, најмалите да научат прва помош, но и да слушнат за улогата и движењето на Црвен крст.

На тема “Информирај се и донеси одлука”, пак, ги информираме и едуцираме учениците од ООУ „Илинден” за правилна превенција од болестите на зависност: дрога, алкохол, цигари. Истовремено работиме на подигнување на свеста за развојот на модерните зависности од интернет, видео игри и социјални мрежи, како и зависност од брза и неправилна исхрана, изјави Иван Станковски од кривопаланечкиот Црвен крст.

Средношколците проследија предавање за превенција од полово-преносливи болести: ХИВ-вирус,СИДА, болести што не смеат да останат табу-тема, а младите да бидат неинформирани. ОО Црвен крст Крива Паланка продолжува со активности за едукација и превенција на младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот