Цртал карикатури за џепарлак и двапати останал вдовец: Клод Моне сликал додека го служел видот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Клод Оскар Моне бил роден на 14 ноември 1840 година, како второ дете на Клод Адолф и Луис Жастин Моне. Семејството се преселило во Авр, Нормандија. Како млад цртал карикатури и ги изложува во витрините на продавниците, па дури и ги продава за џепарлак. Средното училиште го напуштил кога умрела мајка му и заминува да живее со тетка му.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANINA (@aninaarts)


За младиот Моне се заинтересирал локалниот сликар Ежен Буден и наскоро почнал да го учи на сликарските техники. Во Париз заминал во 1859., а две години подоцна во Алжир каде го отслужувал воениот рок, но таму се разболел и после две години се вратил во Париз, воодушевен од боите и светлоста на југот.

Продолжувајќи го школувањето ги сретнал Реноар, Базил и Сисли со кои развиил нов пристап кон сликарството, техника на сликање со груби потези на четката, ефекти од светлина и јаки бои. Прв пат изложувал во Салон во 1865., постигнувајќи голем успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alain Coustou (@giotto1965)


Во тоа време ја запознал и Камиј Донсије, која му станала животна сопатничка. Од 1870. до 1899. Моне постојано се селел и патувал, во Франција се вратил и со Реноар сликал пејсажи на вода, а го подготвувал и своето пловечко ателје.

Групата сликари кои ќе бидат наречени импресионисти веќе е создадена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claude Monet (@claude._.monet)


Моне во 1872 година ја создал „Импресија – залез на сонцето“ која првпат била изложена во 1874., на изложбата која ќе го означи пресвртот во светот на уметноста.

Во 1877 година Моне се посветил на серија слики на железничката станица Сен-Лазар. Според белешките на Реноар, кога директорот на станицата слушнал дека Моне сака да ја слика, ги сопрел возовите, ги затворил пероните, а локомотивите исфрлале пареа баш како што сакал Моне додека со денови сликал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claude Monet (@claude._.monet)


Сопругата Камиј починала во 1879. године, а таа зима осамениот Моне го насликал мразот кој плови по реката. До 1890., ја унапредил техниката, ги отфрлил тешките бои и користел само светли и проѕирни. Постигнал треперење на светлоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claude Monet (@claude._.monet)


Природно почнал да слика ист пејсаж во различни делови од денот. Заминал повторно за Лондон, ја насликал Темза и се оженил по втор пат, со Алиса.

Иако подоцна бил скршен од семејната трагедија, од смртта на Алиса, па потоа и на постариот син Жак, Моне продолжил со чудесна волја да слика, ги проучувал ефектите на светлината и го изградил најголемото ателје во Живерни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alain Coustou (@giotto1965)


Видот му ослабнал, очајнички сликал во природа, сам и тажен, уплашен и обесхрабрен. Светлината која во своето дело ја величел за Моне се згаснала, нагло, на 5 декември 1926 година.

Суеверни познати личности: Пабло Пикасо не ја фрлал својата стара облека, истрижената коса и исечените нокти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот