Црногорската опозиција поднесе барање за недоверба на владата

Црна Гора Собрание
Црна Гора Собрание/ Фото: Vijesti/Savo Prelević

Пратениците на црногорската опозиција денеска во собраниска процедура поднесоа иницијатива за изгласување недоверба на Владата.

Како што беше најавено, 40 пратеници од опозицијата поднесоа во собраниска процедура предлог за гласање недоверба на 42-та црногорска Влада. Очекуваме поддршка од убедливото мнозинство пратеници, напиша пратеникот и претседател на Социјалдемократската партија (СДП) Рашко Коњевиќ. на Твитер.

Како што јави Бета, во Црна Гора се шпекулира за можноста за формирање малцинска влада составена од УРА на Дритан Абазовиќ која во парламентот би била поддржана од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.

Црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, рече дека има две решенија за актуелната политичка ситуација – избори или политичка влада – и ги отфрли шпекулациите дека условот за формирање малцинска влада е да се повлече од лидерската позиција на партијата и оти тоа од него го барала меѓународната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот