Црногорецот Вуко Борозан се врати во Вардар

Фото: РК Вардар

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за Вардар пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата.

Во сезоната 2016/2017 кога Вардар беше европски првак Борозан даде 49 гола, од што осум на Ф4 турнирот во Келн (5 против Барселона и 3 против ПСЖ). По својата позиција Борозан е лев бек, но по потреба може да одигра и како среден бек. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

Во моментов во Вадар има тројца членови во тимот кои се дел од шампионскиот тим од 2017 година, тренерот Владо Недановски, неговиот помошник Стојанче Стоилов и Вуко Борозан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот