Црна Гора ќе биде единствената проверка за најдобрите македонски кошаркари

Меѓу повиканите и еи големата кошаркарска надеж, Андреј Јакимовски (десно)/Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија изутринава замина за Бар, каде утре вечер ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за она што следува на 25, односно на 28 август.

Нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат првите натпревари во рамките од претквалификациите за ЕП против Данска на гостински и против Словачка на домашен терен во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Новиот селектор на нашата најдобра селекција, Алекандар Јончевски на пат за Црна Гора одбра 13 кошаркари. Сите оние кои се појавија на почетокот на подготовките, и првата работна седмица која беше реализирана во Маврово.

Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се и Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.

Мечот против Црногорците ќе стартува од 19.00 часот, а ќе се игра во спортската сала „Тополица“ во Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот