Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите

Хеликоптер фото МИА

Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Северна Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите.

Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари Бел 412 и екипаж од 4 лица.

Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови.

Видео на денот