Црн рекорд на заразени од ковид во Шведска, пет училишта се затворени

Шведска ковид/ Фото EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

Во регионот околу Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, за една недела регистрирани се 44.791 позитивни на корона висут во последната недела, што е најголем пораст во една недела од почетокот на пандемијата.

Во истиот регион се регистрирни и најмногу ПЦР тестирања 133.554 во една недела. Многумина не успеале да закажат термин за тестирање, па се верува дека бројот на заразени е и поголем.

Во целата земја пак, речиси 140.000 нови случаи се регистрирани последната недела, а според Агенцијата за јавно здравје, во многу региони нема бесплатни тестови за јавноста. Ова води до тоа луѓето сами да се тестираат дома, но тие бројки не влегуваат во статистиката.

Во регионот на Стокхолм пак, 22 проценти од наставниците се отсутни од работа поради болест или карантин, а пет училишта се затворени. Се очекува и други училишта да се затворат, јави ДН.

Оваа година, 28 од 146 јавни училишта во главниот град учат на далечина, поради тоа што нема кој да предава.

„Моментално, имаме недостиг кај целиот персонал. Досега ни требаше учење на далечина само во некои училишта, во некои класови, па затоа решивме така да се одвива наставата во следните денови“, вели Теди Содерберг, директор на едно основно училиште од Стокхолм.

Отсуствата на наставниот персонал варираат во различни делови од градот, некаде фали персонал за пдготовка на храна за учениците, па во нив се носи од други училишта.

„Не можеме да постигнеме со персонал. Имаме вработени кои даваат се од себе со многу координација, за да ја додржиме главата над водата во оваа тешка ситуација“, вели Содерберг.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот