Црн биланс од Украина: Најмалку 287 деца се убиени во војната, речиси 500 се ранети

Деца во скривница во Киев / Фото: СВТВ

Најмалку 287 деца се убиени во Украина, а 492 се ранети од почетокот на руска та инвазија, соопшти синоќа Канцеларијата на јавниот обвинител во Киев.

Канцеларијата соопшти дека дознала за смртта на уште 24 деца во уништениот југоисточен пристанишен град Мариупол, а виновникот за тоа е руската армија за случајното бомбардирање.

Ова не се конечни бројки, соопшти канцеларијата додека продолжуваат истрагите во спорните области и во областите што ги врати Украина.

Во бомбардирањата се оштетени 1971 училиште и образовна институција, од кои 194 се целосно уништени, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот