„Coca Cola“ со нова реклама за Божиќ: Рекламата расплака милиони луѓе низ целиот свет

Instagram
Instagram

Многумина секоја година со нетрпение ја очекуваат рекламата на компанијата „Coca Cola“, која традиционално секоја година создава нова празнична приказна.

Instagram
Instagram

Компанијата слави 100 години од првата божиќна реклама, но овојпат со нова мотивирачка кампања, која ги охрабрува луѓето да бидат поприсутни, потсетувајќи ги дека празниците доаѓаат.

Така и оваа година со нетрпение се очекуваше што ќе има во оваа реклама, а „Coca Cola“ навистина ги надмина сите очекувања.

„Coca Cola“ и оваа година ја објави својата традиционална реклама, а за многумина тоа значи дека започнува најубавиот период од годината.

Во рекламата за оваа година, гледаме татко како излегува од дома за да отиде да работи на ветерница среде море. Пред да замине, неговата ќерка му дава писмо за Дедо Мраз, но тој заборава да го испрати по пошта. Кога таткото сфати што направи, решава да стори сé за своето дете, апсолутно сé!

Крајот на рекламата растажи многу луѓе и покажа дека духот на Божиќ е токму во семејството.

Директорот на маркетинг на компанијата, Крис Робенс вели: „Оваа година, Божиќната сезона требаше да биде посмислена од кога и да било порано. Како компанија Кока Кола отсекогаш ја славела празничната сеозна преку нашето рекламирање уште од 20-тите години на минатиот век, слајвејќи го единството и радоста“.

Светот ја поздрави идејата за поголема благодарност, чувство на заедништво и потреба да бидеме поприсутни од кога било.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот