Citroen го „убива“ C4 Cactus по само една генерација – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Citroen го „убива“ C4 Cactus по само една генерација

Наместо овој урбан „лајфстајл“ кросовер, францускиот производител на купувачите ќе им понуди целосно нов компактен модел.

Citroen C4 Cactus нема да ја дочека втората генерација, потврди директорот за производство на овој автомобилски бренд, Ксавије Пежо. Тој рече дека Citroen наместо овој кросовер подготвува концептуално целосно различен модел кој нема да ја има ознаката Cactus.

Citroen C4 Cactus започна да се произведува во 2014 година, освежувајќи ја тогашната гама на француската авто-компанија со своите специфични дизајнерски решенија, кои предизвикаа различни мислења во јавноста. Сепак, малкумина останаа рамнодушни кон ова возило.

Имено, Citroen го опреми C4 Cactus со специјални додатоци на надворешноста, кои треба спречат помали помали оштетувања на каросеријата, како гребаници или ситни удари до кои може да се дојде при возење низ град или на паркинзите. Најизложените делови вратите, аголните елеменит на браниците и централниот сегмент на вратата на багажникот се обложени со материјал кој ги апсорбира послабите удари.

Покрај тоа, седиштата и ентериерот се дизајнирани, така да потсетуваат на модерен мебел.

При редизајнот во 2017 година, C4 Cactus стана стилски поедноставен, а исчезнаа повеќето заштитни елементи на каросеријата, па автомобилот стана помалку забележив.

Ксавије Пежо не прецисираше дали споменатиот нов модел воедно ќе биде наследни на веќе згаснатиот хечбек C4, кој престна да се произведува уште во 2018 година.

Се очекува новиот компактен модел на Citroen да има премиера во 2020 или најдоцна на почетокот на 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close