Ципрас е позитивен на ковид-19, има благи симптоми

Алексис Ципрас, Фото: Profimedia

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи, соопшти дека е позитивен на Ковид-19, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му посака брзо закрепнување, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, кој кон средината на ноември ја прими и бустер дозата, преку „Твитер” денеска соопшти дека при превентивно молекуларно тестирање синоќа добил позитивен резултат, а неговата партнерка Бети и двете деца се негативни.

– Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав, напиша Ципрас на „Твитер”.

Грчкиот премиер, исто така преку „Твитер”, му посака на Ципрас брзо закрепнување.

– Со оглед на тоа дека ја има примено и бустер дозата на вакцината, сигурен сум дека сè ќе биде добро, напиша Мицотакис.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот