ЦИК со конечни резултати од парламентарните избори во Бугарија – победник е „Промените продолжуваат“

Во Бугарија во ист ден се одржаа претседателски и парламентарни избори / 14 ноември 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

Лево-центристичката коалиција, предводена од двајцата поранешни министри во преодната бугарска Влада, Кирил Петков и Асен Василев, „Промените продолжуваат“, е победникот на предвремените парламентарни избори, покажуваат конечните резултати на Централната изборна комисија по обработени 100 отсто од изборните протоколи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за „ПП“ гласале 25,67 отсто од гласачите, ГЕРБ е втора со 22,74 отсто, а ДПС доби 13,00 отсто, додека БСП останува четврта со 10,21 отсто од гласовите. „Има таков народ” е на петтото место со 9,52 отсто од гласовите, а во новоизбраното 47. Народно собрание влегуваат уште две партии – „Демократска Бугарија“ со 6,37 отсто и „Преродба“ со 4,86 отсто од глчасовите.

На претседателските избори прв по првиот круг од гласањето со 49,41 отсто од гласовите е актуелниот шеф на државата, Румен Радев. Независната претседателска двојка Анастас Герџиков и Невјана Митева, поддржани од ГЕРБ – ДПС е на второ место со 22,82 отсто, што значи дека ќе се појават во вториот круг в недела на 21 ноември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот