Циципас спие со рекетот потпишан од неговиот идол Федерер

EPA-EFE/ANDY RAIN

Грчкиот тенисер објави фотографија на која се гледа како мирно спие во својот кревет, а рекетот до него лежи на перница

За време на неодамна завршениот Лејвер куп во 2022 година, Роџер Федерер, кој се прости од тенисот, му даде на Стефанос Циципас потпишан рекет заедно со писмена порака.

Грчкиот тенисер објави фотографија на која се гледа како мирно спие во својот кревет, а рекетот на неговиот идол  лежи до него на перницата.

Откако започна Лејвер купот во 2017 година, ова беше првпат тимот Европа да загуби од тимот Свет. Избраниците на Џон Мекинро во петтиот обид ги совладаа избраниците на Бјорн Борг со разлика од 13-8.

Врв на настанот останува повлекувањето на Федерер од професионалниот тенис, а Циципас со фотографијата од својата спална соба успеа да направи многу фанови на швајцарската легенда да бидат љубоморни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот