Циципас против Синер за полуфинале на „Австралија опен“

Стефанос Циципас чекор поблиску до трофејот на „Австралија опен“/Мелбурн, Австралија/24 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Четвртиот тенисер во светот, Стефанос Циципас, двапати ја бркаше предноста на Тејлор Фриц во осминафиналето на „Австралија опен“, на крајот престигна за победа од 4:6, 6:4. 4:6, 6:3, 6:4.

Во неколку наврати Гркот не знаеше како да одговори, но Американецот не можеше да го одржи темпото и кога беше најпотребно ја загуби концентрацијата.

Фриц со победа можеше да стигне до своето првото Грен слем четвртфинале во кариерата, но ќе мора да се задоволи со тоа што за првпат влезе во Топ 20 на АТП листата.

Мечот траеше три часа и 26 минути, а Фриц изгледаше многу подобро на теренот во првите три сета.

Неверојатна борба со триумф на Циципас кој доста се мачеше и на крајот имаше еден „винер“ и седум грешки повеќе, но во последниот сет успеа да искористи една од двете брејк топки и на тој начин да направи клучна разлика.

Грчкиот тенисер за пласман во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер, младиот Италијанец кој во три сета беше подобар од Алекс Де Минор со 7:6 (3), 6:3 и 6:4.

„Австралија опен“, мажи
Четвртфинале, двојки –

Гаел Монфис (Франција) – Матео Береини (Италија)
Денис Шаповалов (Канада) – Рафаел Надал (Шпанија)

Јаник Синер (Италија) – Стефанос Циципас (Грција)
Феликс Оже-Алијасим (Канада) – Данил Медведев (Русија)

„Австралија опен“, жени
Четвртфинале, двојки –

Ешли Барти (Австралија) – Џесика Пегула (САД)
Барбора Крејчикова (Чешка) – Медисон Кијз (САД)

Дениел Колинс (САД) – Ализе Корне (Франција)
Ига Швјонтек (Полска) – Каја Канепи (Естонија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот