Чувате мачка дома? Еве зошто не треба да излегува надвор

Домашните мачки најдобро е да се чуваат дома, бидејќи тие не се родени и израснати на улица, па така и се помалку имуни на болести и паразити.

Доколку сте одлучиле да имате домашен миленик мачка, тогаш треба да сте сигурни дека сте обезбедиле услови за вршење нужда, како и редовно да им бидат достапни храна и свежа вода.

Домашните мачки, кои се родени во нечиј дом и таму растеле, доколку ги пуштате надвор, пред сè ги изложувате на опасност да настрадаат, бидејќи немаат развиен инстинкт за преживување како нивните улични роднини. Потоа, може да се случи да изедат затруена храна, а се и изложени на болести и паразити, кои ќе ви донесат и високи ветеринарни сметки, но и потенцијално губење на вашето сакано милениче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот