Чурлинов во јануари се сели во Штутгарт

твитер

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, во јануари ќе го напушти Келн и ќе потпише за екипата на Штутгарт, која се натпреварува во втората Бундес лига.

Според „Кикер“, Келн нема намера да му го продолжи договорот на Чурлинов и тој веќе успеал да се договори со Штутгарт за трансфер по завршување на сезоната.

Но, од Штутгарт инсистираат Чурлинов да пристигне уште во јануари за да помогне во борбата за влез во Бундес лигата. Тој во новиот клуб доаѓа како замена за Николас Нарти кој е испратен на позајмица во Ханза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот