Чурлинов в четврток ќе ги има прегледите пред официјалниот потпис со Барнли

Македонските /Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Македонскиот репрезентативец од Париз треба да лета за Англија пред да се пресели во Турф Мур, откако е решен проблемот со влезната виза.

Пред официјалниот потпис 22-годишниот Дарко Чурлинов треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи. Одредени информации велат дека ќе потпише договор на четири години.

Се очекува Барнли да му плати 3,5 милиони евра на досегашниот клуб на нашиот играч Штутгарт, плус бонуси со максимум пет милиони.

Пред и официјално да настапува за клубот кој игра во Чемпионшип треба да почека и на добивање на работната дозвола.

Чурлинов во својата клупска кариера воглавно играше во Германија, за Келн, Штутгарт и Шалке. За нашата А селекција има 17 настапи и три голови.

Менаџерот на Барнли, Винсен Компани изјави дека Чурлинов е фудбалер кој го сакаат, и кој може да игра на повеќе позиции, но треба да се решат уште некои детали пред и официјално да биде комплетиран трансферот и биде промовиран пред јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот