Чурлинов: Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме

Еден од нашите млади и талентирани репрезентативци Дарко Чурлинов ја чека шансата да дебитира во сениорскиот дрес на Европското првенство.

Македонската А селекција в четврток во Букурешт со почеток од 15.00 часот ќе ја брка првата победа на континенталниот собир.

Како подготовка за ЕП 20-годишниот напаѓач Чурлинов го постигна дебитантскиот гол за националниот тим на пријателскиот натпревар во Скопје против Казахстан (4:0).

Пред дуелот со Украинците тој вели дека нормално е да има еуфорија, а дали ќе добие минутажа, не зависи од него:

– Среќен сум што сум дел од тимот на ова историско Европско првенство. Горд сум дека сум најмлад дебитант во историјата на Македонија. Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме. Треба да веруваме во себе и да ја играме нашата игра – изјави Чурлинов.

Алиоски: Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот