Чурлинов е нов фудбалер на Барнли со договор до 2026 година

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов/фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Дарко Чурлинов ги помина лекарските прегледи и веќе го потпишал договорот со англискиот клуб Барнли, а наскоро се очекува и официјално да биде промовиран пред јавноста.

Македонскиот репрезентативец одлучи летово да го напушти бундеслигашот Штутгарт и од следната сезона настапува во Чемпионшип за екипата предводена од менаџерот Винсен Компани.

Потпишан е договор кој ќе трае до 2026 година, а Штутгарт за нашиот играч ќе добие повеќе од пет милиони евра плус бонуси, пренесува новинарот на „Скај Спорт“, Флориан Плетенберг.

Дури и се најавува дека е можно да биде во составот на Компани за саботниот натпревар против Блекпул.

Претходно во трката за потписот на Македонецот беше и најтрофејниот клуб во Белгија, Андерлехт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот