Чупиќ: Тоа е спортот, колку пари, толку музика!

Фото: rkvardar.mk

– Тажен сум, но и горд што работам со овие момци. Уште повеќе среќен што младиот голман Кизиќ веќе трет меч е во Лигата на шампионите – вели тренерот Алушовски.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ се судрија последните два европски шампиони, нашиот РК Вардар и Монпелје од Франција.

Во овој дуел кој беше натпревар од последното 14.коло во групната фаза во ЛШ, „црвено-црните“ повторно беа поразени со резултат 27:31.

Тренерот на Вардар, Стефче Алушовски:

– Честитки до Монпелје, заслужено триумфираше. Измешани ми се чувствата, тажен сум, но воедно и среќен што работам со овие момци. Навистина среќен што и нашиот млад голман Кизиќ веќе трет меч е во Лигата на шампионите. Среќен што и покрај сите проблеми, имаме недоволен број на играчи, краток ростер, проблемите ги знаете, дадовте максимум.

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ:

– Немаме квалитет на тренинзи, немаме многу ростер на клупата, во овој момент недостасува нешто во екипата. Глупаво е да се зборува за проблемите, 5-6 играчи тренираме, кои со повреди. Еве сето тоа се рефлектира на натпреварите, во клучните моменти паѓаме, правиме технички грешки. Го немаме тоа што е потребно за ЛШ, за 60 минути, играме колку што можеме, бевме егал против Монпелје до 52 минута. Таков е спортот, колку пари толку музика, верувајте ние даваме и повеќе од што вредиме. Реално можеби не вредиме за топ 8 во ЛШ, но ние пак ќе тренираме, јас сакам како и сите играчи да одиме повторно во Келн, но сега реално тешко е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот