Чупиќ: Со добра игра во нападот имаме шанси за финале!

Вардар се подготвува за полуфиналето (4 септември, 20.30 часот) против ППД Загреб на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата кој ќе се одржи Задар (Хрватска).

Хрватското десно крило на европскиот и регионален шампион истакнува дека во следниот период не очекува некој убав ракомет, но смета дека ќе биде доста интересно. Воедно истакна дека нападот може уште повеќе да се подобри во текот на наредните дуели.

Фајнал-фор е секогаш тежок, медиумите ги одвојуваат екипите кој има најголеми, а кој најмали шанси на овој турнир. Секој ги знае своите предности и слабости, еден натпревар, полуфиналето е секогаш тешко.

Алушовски пред Ф4: Имаме нови играчи кои допрва треба да се вклопат!

И после ситуацијата со коронавирус многу е тешко да се игра, тешко се влегува во форма, веројатно нема да има некој убав ракомет, но сигурно ќе биде интересно, мислам дека ќе одлучи или една одбрана на голман или еден реализиран или промашен зицер.

Прочитајте и...  Камила Џорџи: Тениска убавица која мами воздишки и ги празни паричниците (ФОТО)

Верувам во екипата, верувам дека има подобрување од наша страна, се подготвуваме за ППД Загреб и нивните „6-0“ и „5-1“ во зона. Противникот е исто така млад со доста нови играчи, но и квалитетна екипа која сака, како и ние, да игра финале. Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност и моментно наш најголем хендикеп во нападот е играта „6 на 6“ и сигурно покажавме низ контролните мечеви и сега со Нексе дека можеме да одиграме одбрана, да го сведеме противникот на 24-25 голови, но многу се мачиме како да стигнеме до 28, 29, 30 погодоци.

Нашата шанса е дека имаме простор за напредок во нападот и дека тоа ќе го покажеме во петок и мислам дека со добро организација, добра игра во нападот, ќе имаме шанса за пласман во финалето – изјави десното крило на „црвено-црните“, Чупиќ.

Прочитајте и...  Втората светска тенисерка позитивна на коронавирус

Поврзани вести

Ѓоковиќ е ментално посилен од Надал и Федерер

Слободен печат

Лајпциг го загуби дербито во Менхенгладбах и ја загуби лидерската позиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија пред пласман во футсал квалификациите за ЕП, Англија ги откажа бараж натпреварите

Слободен печат

Брозовиќ и Перишиќ го спасија Интер од срам на „Џузепе Меаца“(ВИДЕО)

Слободен печат

Жота го спаси Ливепул

Слободен печат

Академија ФМП го изненади Куманово на стартот од првенството

Слободен печат

Остави Коментар