Чупиќ останува во „црвено-црните“: Во Вардар останувам до јуни, а потоа…

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Еден од клучните ракометари кои се најзаслужни за двете титули во Лигата на шампионите, Иван Чупиќ, засега нема намера да ја менува средината и до крајот на сезоната ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

Крилото на хрватската репрезентација потврди дека добил понуда од новиот европски шампион Кил, во февруари да се пресели во нивните редови, но истакна дека сезоната ќе ја доигра во Вардар, кој ќе има и предност во преговорите за нов договор.

– Точно е тоа дека сум тука до 31 јуни 2021 година. Вардар за мене секогаш е на листата со приоритети. Вардар ќе реши што и како ќе правиме во иднина. Тоа што се појавија шпекулации дека заминувам по Светското првенство не е вистина. Јас немам информација дека некој го контактирал Вардар. Понуди има, а тоа е одлично за мои години. Но, ќе повторам дека Вардар го има последниот збор, ако сакаат да ме задржат, ќе мора да кажат – изјави Чупиќ за „Спортске Новости“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот