Чупиќ огорчен: Во фудбалот се играше завршница на едно место, можевме и ние!

Фото: rkvardar.mk

Натпреварот од третото коло на „А“ групата во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар 1961 е одложен на барање на домаќините. Средбата беше планирана за 1 октомври во Унгарија.

Причината за откажувањето на натпреварот е што домашниот тим пријави дека има нови играчи позитивни на Ковид-19 и дека поради здравствените правила во земјата мора да се замине во карантин што ќе трае најмалку една недела, а можеби и подолго.

Тоа е веќе втор одложен меч по ред за „црвено-црните“ кои веќе подолг период се без натпревар. Во Скопје требаше да гостува Елверум, но Норвежаните бараа одложување со цел да се избегне влегување во карантин по пристигнувањето дома.

Еден од најискусните играчо во и натаму актуелниот европски шампион, десното крило Иван Чупиќ во интервју за хрватските медиуми вели дека ова нема никаква смисла.

Фото: Струшки турнир/Фејсбук

– Работиме, тренираме и зависиме од ситуацијата (со ковид-19). Тогаш подобро е воопшто да не се игра, бидејќи ова нема врска со регуларното натпреварување, баш како што нема врска со регуларноста ниту фактот дека Фајнал-фор турнирот од лани ќе се игра на крајот од годината во Келн, и за истиот учесниците се одредени декларативно, дека ќе играат клубови во состави во кои воопшто не беа во минатата сезона – рече незадоволниот Чупиќ, единствениот во историјата на европскиот ракомет кој во Келн трипати ја освојувал титулата шампион на Стариот континент.

Хрватот ја разбира ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и е против тоа да се игра доколку постои каква била шанса за ширење на заразата.

– Кога беше карантинот, бевме во карантин, бидејќи тоа беше единственото решение. Но, доколку се одлучеше дека ќе се игра, тогаш сметам дека треба да се игра. Доколку 20 здрави луѓе се тестирани од двете страни, доколку се тестирани судиите и официјалните лица, и сите се негативни, не гледам причина зошто да не се игра пред празни трибини, а нам токму ни се случи кога не дојде Елверум. Кого ќе загрозеше доколку беше поразлично? Никого, бидејќи публика немаше, а во Кјелце (Полска) имаше гледачи. Доколку во еден клуб недостасува играч тоа не може да биде причина, бидејќи на крајот може да им недостасува и поради повреда, па пак се игра. Јас лани играв како десен бек, бидејќи заради повредите немавме бекови, и Тимур Дибиров беше во иста ситуација, па не ни се одложуваа мечевите, не им паѓаше на памет. Сега јас слушам одложено е во Сегед поради заразата на Габер. Респект за него, но тоа нема никаква врска со било што – се зборовите Чупиќ, а потоа додаде.

Фото: rkvardar.mk

Значи Сегед може без осум играчи да игра во Кјелце, а против нас не може. Будуќност може да игра без 11 ракометарки во Копривница и против Русинките, а другите не можат. Па, каква врска има тоа со регуларноста и со било што, какви се тие правила во кои еден клуб ја жртвува сезоната, а другите не се ни трудат да го почитуваат тоа.

Фудбалот можеше да игра завршница (Фајнал-ејт) на едно место, без публика. Можевме и ние, но тоа не го направивме. Тие велат спонзорите се важни, па зарем УЕФА исто нема спонзори. Знам, не е добро да се споредува фудбалот со кој било друг спорт, но во некои насоки редот мора да се знае. Зошто Елверум не можеше да дојде во Скопје, а можеа да дојдат Хајдук или Тотенхем да играат против Ренова и Шкендија? Може Молде да дојде да игра со Ференцварош или со Карабах во Кипар, а норвешките ракометари не можат да дојдат во Македонија, затоа што оваа земја е на „црвената листа“ за Норвежаните. Па, каква врска има тоа со нас, доколку имаме 20 негативни, доколку често се тестираме. Зошто тогаш воопшто се тестираме, да трошиме пари? Сето тоа нема никаква смисла и мора нешто да се направи. Или да се прекине, или дајте исти услови за сите, без оглед на моменталната ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот