Чупиќ: Не одиме со бело знаме во Париз…

фото: Слободен печат/Драган Митревски

Ракометарите на Вардар в среда (18.45)го очекува најголемиот предизвик досега, гостувањето кај францускиот шампион ПСЖ.
Овој дуел од шестото коло од ракометната Лига на шампионите ќе претставува дуел против поранешните вардарци, тренерот Раул Гонзалес кој му ја донесе на Вардар првата европска титула и летонскиот џин Даинис Криштопанс.

Вардарци ги имаат последните подготовки пред заминувањето за Париз и дуелот со тимот кој не ја почна добро сезоната.
Но, крилото Иван Чупиќ предупредува дека слабиот старт на „светците“ не треба да залажува бидејќи се еден од фаворитите за пласман на завршниот фајналфор турнир.

ПСЖ има три порази и не е во лесна ситуација, зашто сите знаеме што очекуваат од оваа група. Нивната желба е да се пласираат на Ф4. Тие не играат добро како во француското првенство и имаат голем притисок затоа што нема време за поправка на грешки. Мора да победат на три-четири меча по ред. Ние од наша страна, ова е трет меч во Лигата на шампиони, имаме три бода, иако мислам дека можевме да имаме повеќе бодови. Никој од нас не бара сензација во Париз, но го анализиравме тимот и се подготвувавме на тренинг. Сигурно нема да одиме со бело знаменце на гостување, знаеме дека квалитетот е на нивна страна, но како и секогаш, со добра одбрана на нивна транзиција би можеле да создадеме притисок. Ако е добар мечот, би можеле да внесеме нервоза во мечот во последните десет минути и мислам дека тогаш би имале шанса за добар резултат – вели Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот