Чупиќ: Македонија и Вардар ми дадоа многу, не е се во парите

Фото: rkvardar.mk

Крилото на Вардар, Иван Чупиќ по пауза од две години повторно се врати во хрватската ракометна репрезентација и во интервју за „Индекс“ помеѓу другото зборуваше и за Вардар и за Македонија.

Чупиќ има огромен удел во освојувањето на двете европски титули, а во првото финале токму тој го постигна победничкиот гол против ПСЖ во последните секунди од натпреварот и стана еден од милниците на навивачите.

Легендарното крило одлучи да остане во Вардар иако екипата се соочуваше со огромни финансиски проблеми бидејќи како што вели во интервјуто, не е се во парите, а Македонија и Вардар му дадоа многу.

Мене Македонија ми даде многу, но и јас им дадов на неа и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, а и блиску ми е Хрватска. Тука со мене се и мојата сопруга и моите деца, кои одат во градинка односно училиште. Јас сум во години кога приоритет не ми е играње во топ-клубовите каде се заработува најголема плата и не е најважното нешто на светот, и затоа сум посреќен. Тука постигнав големи успеси. Двапати бев шампион на Европа, ме ценат и многу ми дадоа и државата и клубот. Семејството ми е среќно во Скопје и сѐ додека е така и јас ќе бидам среќен. Се променија раководните структури во клубот, сега имаме други цели и други луѓе во водат клубот, но без разлика на се, јас се снајдов, здрав сум, играм и среќен сум кога сум на теренот. Не можам да кажам дека нешто ми недостига во Скопје – вели Чупиќ.

Миленикот на навивачите смета дека пандемијата силно го погоди ракометот но и покрај тоа Македонија остана ракометна земја во која хрватските ракометарите се одлично прифатени.

– Пандемијата на коронавирусот многу го погоди ракометот во светот. Но, во Македонија ракометот е спорт број еден, а не фудбалот. Тоа го привлекува секој ракометар, а лигата со Еурофарм Пелистер и Металург ќе биде многу интересна. Хрватските ракометари се чувствуваат како дома во Македонија, Хрватска им е блиску, а Македонците се добри и топли луѓе и нѐ сакаат нас Хрватите и ги ценат нашите успеси со репрезентацијата. Мислам дека не имаат прифатено како свои. Секој од нив веројатно е задоволен и на финансиски план, а мислам дека вистинско доживување би биле полните сали во Скопје и Битола бидејќи интересна лига е важен сегмент од донесувањето на одлуките – вели Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот