Чупиќ: Кога имаш лоши минути, тешко е против врвни европски екипи!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 загуби од екипата на Киелце во натпревар од седмото коло во Лигата на Шампионите. Претставникот од Полска се покажа како подобар забележувајќи триумф со резултат 29:33 и одржување на првата позиција во групата „А“.

Десното хрватско крило на „црвено-црните“, Иван Чупиќ вели дека добро беше отворен натпреварот со 5-1 во одбрана, беа свесни дека противникот многу трча и ги казнува сите грешки, што се покажа на вечерашниот дуел.

– Бевме подготвени за играта на Киелце, но се случи тоа што не требаше. Успеавме во второто полувреме да се вратиме после добрата 6-0 одбрана, за да не му дозволиме простор на противникот за пивотот и играта „еден на еден“. Знаевме за квалитетите на Карачиќ и Душебаев, дојдовме до гол позитива.

Алушовски: Сè она што погрешивме во нападот, Киелце знаеше да го казни!

Се најдовме и во добра шанса кога бевме „шест на четири“ на 15 минути до крајот, но добро бранеше нивниот голман Волф, па следуваа наши две-три глупости, а ривал каков што е Киелце, дел од врвниот европски ракомет, знае тоа да го казни. Тешко е на 5-10 минути пред крајот на мечот да бркате негатива од три гола против таква квалитетна екипа.

Токму Киелце е пример како треба да се однесуваме кон топката, а како што вели и нивниот тренер (Талант Душебаев), секогаш се игра за освојување на двата бода, тоа е најважно. На крајот триумфираше подобриот, можеби против Флензбург и Порто се извадивме од некоја дупка, но тешко е против екипи како Киелце, ПСЖ, Веспрем кога имаш лоши минути и во прво и второ полувреме – изјави Чупиќ по мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот