Чупиќ ќе го напушти Вардар, потпиша договор со ППД Загреб!?

фото: Слободен печат/Драган Митревски

Хрватскиот репрезентативец кој ја одбележа деценијата зад нас, Иван Чупиќ, по 14 години се враќа во домашниот ракомет!

Според „Хандбал Планет“, 34-годишното десно крило од Метковиќ ќе го напушти Скопје следното лето по пет сезони поминати во дресот на Вардар 1961.

Освојувачот на три титули во Лигата на шампионите, една со Кјелце и две со Вардар (2016, 2017 и 2019 година), и како што информира истиот извор, веќе потпишал тригодишен договор со хрватскиот првак, РК ППД Загреб.

Чупиќ го направи својот прв чекор од родниот Метковиќ до главниот град каде го носеше дресот на Медвешчак, а неговата меѓународна кариера го водеше преку шпанските Октавија Пилотс, Горење, Рајн Некар Левен и Кјелце во Вардар каде што кулминираше со освојувањето на двата финални турнири од ЛШ во Келн.

РК Загреб веќе најави доаѓање на уште еден искусен хрватски репрезентативец Жељко Муса, кој ќе се врати во земјата од Магдебург, Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот