Чупиќ: Имавме состанок со Самсоненко, до крајот на месецот ќе знаеме нешто повеќе!

Фото: rkvardar.mk

Хрватското десно крило до крајот на сезоната ќе биде во Вардар, се надева и останатите, до крајот на месецот ќе се знае нешто повеќе…

Хрватското десно крило на „црвено-црните“ во интервјуто за „sportske.jutarnji.hr“ вели дека македонскиот и европски шампион се наоѓа во неверојатно тешка ситуација.

– Не се знае ништо. Имавме состанок со Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски, разговаравме. Кажано ни е до крајот на месецот ќе знаеме нешто повеќе. Што конкретно, не знаеме уште, но како и да е, јас сум тука до крајот на сезоната, мислам и останатите. Би сакал така и да остане, нештата да се стабилизираат, но засега навистина не знам ништо – вели Чупиќ.

Имаат поддршка, но ситуацијата не е ветувачка. Овие дена Иван Чупиќ живее без плата, но вели дека играчите не се откажуваат, како и верните навивачи на клубот, сè останато е политика.

-Политика која јас реално не ја разбирам. Би било штета сето ова да згасне…Не е идеално, но и ништо ново. Семејството е во ред, тоа е најважно. Секој има своја работа, едни со образование, други со ракомет. Се навикнаа, добро е – оптимист е Хрватот, играчот кој во 2017 и 2019 година ги постигнуваше клучните голови на Ф4 турнирот во Келн за европски титули на Вардар.

После заминувањето на Даинис Криштопанс (но и пред тоа), Чупиќ игра и како десен бек:

– Не е проблем, можам и на таа позиција да играм, не е тоа првпат. Ни се враќа Бразилецот Толедо кој осум месеци беше надвор од теренот. Мора да му се помогне на Толедо кој сеуште не е максимално подготвен, ќе помине 10 минути, а останатото јас заедно со Шишкарев помагаме колку што е можно.

Со триумфот на Мотор Запорожје (38:28), ракометарите на тренерот Алушовски обезбедија официјално пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

До крајот на групната фаза остануваат уште две кола, гостувањето кај Порто и домашниот дуел против Монпеље, а во исто време ќе се дознае и противникот во елиминациските борби.

– Знаевме дека мораме да победиме, бидејќи со некои резултати го доведовме во прашање пласманот во вториот круг, а би било глупаво сето тоа да го упропастиме. Се собравме, добро го отворивме дуелот, а не ни очекувавме дека ќе биде толку убедливо – заврши десното крило на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот