Чупиќ и Јотиќ во тимот на колото

Фото: РК Вардар

Иван Чупиќ и Ловро Јотиќ се дел од најдобрата седумка за второто коло од ракометната лига на шампиони.

Поранешниот хрватски репрезентативец во победата на Вардар над Порто од 32:27 учествуваше со дури седум постигнати голови. Седум голови постигна и Јотиќ во поразот на Еурофарм од 24:25 од Савехоф.

Во идеалниот тим на колото покрај Чупиќ и Јотиќ место најдоа и Жоан Ледо Менендез, Себастијан Бартолд, Никола Карабатиќ, Харалд Раинкинд, Хендрик Пекелер.
Најдобриот тим на второто коло од Лигата на шампионите погледнете го на следниот ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот